Вила Водно е дивоградба – Маричиќ сакал да лета со авион од Скопје до Ниш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ивица Томовски: Ова се објектите во Лазарополе…

ТВ21: Ова се сегашни фотографии?

„Да, пред 20 дена фотографирани..Сега ќе ви прикажам слики од Вила Свети Стефан во Охрид. Вака изгледа… Вилата е во многу лоша состојба, но со мали средства може да се стави во функција во споредба со Вилата во Лазарополе“.

Ова е само дел од државниот имот за чија негрижа во емисијата Дејли Клик соопшти директорот на службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. Тој додава дека ниту имотните прашања не се решени.

„Да ги ставиме во употреба сите објекти кои се во државна сопственост, но пред тоа да го направиме ние треба да го решиме имотно-правниот статус на овие објекти. Можам слободно да кажам дека имотот во државата е на некој начин дивоградба. Замислете имотот на државата е дивоградба. Двете вили во Охрид, претседателска, премиерска, вилите во Скопје претседателска и премиерска немаат имотен лист“, вели Ивица Томовски.

Во емисијата разговаравме и за владиниот авион кој неодамна се врати од редовен сервис кој чинел 1 милион евра. Поради неговата старост, нови делови нема, па се сервисира со репарирани. Новата Влада констатирала и злоупотреби кај минатата Влада.

„Како на пример Маричиќ, забегал во своите барања. Го побарал авионот да лета од Скопје до Ниш. Побрзо, поекономично, попрактично е да отпатувате до Ниш со возило отколку со авион, за среќа одбиен е од Службата и втората злоупотреба, ова е класична злоупотреба е од страна на Талат Џафери. Нашите пилоти го носат авионот во Нинберг на вонреден сервис и додека трае тој вонреден сервис тие земаат карти за Америка каде што одат два пати годишно на симултанско летање и да не губат од работни денови, додека е на сервис авионот, одат таму, се јавува тогашното раководство до пилотот ѝ му кажале дека мора итно да се вратите, тој им кажал дека е расклопен авионот, не мора да се склопи оти може да ни се распадне коалицијата“, додава Ивица Томовски.

За набавка на нов авион, поддршка дале и сите досегашни претседатели на Македонија.