Висината на казните за новите мерки: Лице без потрвда за вакцина 250 евра, за угостителот глоба од 2.500 до 30 илјади евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Оние кои ќе бидат затекнати во објект или настан без сертификат за примена вакцина од понеделник, од кога ваѓат новите мерки, ќе платат глоба од 250 евра. Казната за угостителскиот објект ќе се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра во зависност од големината на објектот, и 1500 евра за одговорното лице, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК потпирајќи се на изјава на директорката на ДПИ Анета Симеска-Димоска.

На 7. август беше донесена одлуката за задолжителна потрвда за извршена вакцинација на најмалку прва доза, со задолжително присуство на редати пред објектите каде има повеќе од 30 присутни лица на било каков настан.

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18-годишна возраст.

Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).  Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на населението и да не влегуваат во објекти без сертификат за примена вакцина“, изјави Симеска-Димоска.