По 9 години од петкратното убиство кај Смилковско езеро, Судот по вторпат донесе одлука – Алил Демири, Агим и Африм Исмаиловиќ да бидат осудени на доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“, Хаки Азири, како помагач во делото да добие 9 години, а на Фејзи Азири да му биде изречена казна затвор од 15 години, како помагач при бегства на двајцата првообвинети.
Осудените веднаш реагираа, тврдејќи дека се невини и дека Судот ги лаже родителите на жртвите дека тие се сторителите.
По изрекувањето на пресудата, обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека казните биле очекувани, бидејќи, како што вели, се во рамките на она што го побарало Обвинителството.
Откако беа изречени казните, семејствата на осудените најавија дека в петок ќе организираат протест против пресудата и ќе бараат од албанските партии да се заминат од Влада.