Хеликоптерите кои денеска дејствуваа на гасењето на пожарите во пределот на Ранковце и на Пасјак, се повлечени поради високите температури.
Четири хеликоптери од Србија го гасеа пожарот во Ранковце, додека еден дејствуваше на територијата на Пасјак, но сите се повлечени.
Борбата со огнот во моментов се води само од земја.
Од ЦУК информираат дека сериозен е и пожарот околу Пехчево каде исто така реагирал хеликоптер кој подоцна бил повлечен поради дотур на гориво.
