Високо ниво на заштита и естетика, Народна банка ќе набавува книжни банкноти за 3,7 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Народната банка на Македонија склучи договор со реномираната англиска печатница De La Rue International LTD за печатење на нови банкноти од 10, 500 и 1.000 денари. Според договорот, вкупно ќе се отпечатат 45 милиони банкноти, за што ќе бидат платени 3,775 милиони евра.

Десетденарките, кои се нарачани во најголем број, ќе бидат изработени во тираж од 20 милиони парчиња, со полимерна изработка и највисоко ниво на заштита, по цена од 4 денари за секое парче, што вкупно изнесува 1,3 милиони евра. Банкнотата од 1.000 денари, популарно позната како „илјадарка,“ ќе биде отпечатена во 20 милиони примероци по цена од 4,6 денари за парче, а за оваа нарачка ќе се платат 1,5 милиони евра, со рок на испорака од една година. Петстотките, пак, ќе бидат изработени во 15 милиони примероци, со вкупен износ за печатење од 976.000 евра и цена од 4 денари по парче.

Овие македонски банкноти се истакнуваат не само по својата естетска вредност туку и по нивото на безбедност, овозможено со специјализираниот пристап на De La Rue, компанија основана пред 203 години од Томас Де Ла Руе, со седиште во Басингсток, Хемпшир. Компанијата, која минатата година остварила приход од 350 милиони фунти и вработува над 2.000 лица, е еден од водечките светски производители на книжни пари.