Вицкаста кампања – Мицкоски, Заев и Гаши со вицеви, Груби заигра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја отвори кампањата со шега. На самиот нејзин старт од Охрид го почна со сатира за Заев во која тој во едно населено место за да им реши проблемот со водоводот се јавувал на директори.

„После половина час спушта слушалката и вели готово, првиот проблем е решен. Кој е сега вториот проблем кој што сакате да ви го решам? Па, вториот проблем е, бидејќи е 21 век сите веќе имаат мобилна комуникација само нашава општина остана отсечена нема мрежа за мобилни телефони“, истакна Христијан Мицкоски. 

А деновиве така и ја затвори кампањата, повторно со виц за Заев.

„Се возеле во авион Меркел, Макрон, Радев, Јанша и Заев…“, посочи Мицкоски.

Стартот на кампањата не беше поинаков и на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој почнувајќи ја кампањата од Битола праша дали има двајца Зорановци, еден пред нив и уште еден кој се соочува со фејк њуз од Будимпешта.  

„Но, пописот ќе покаже дали постои еден или двајца Зорановци со презиме Заев. Ако се двајца бидете сигурни дека се скарани“, вели Зоран Заев.

Шеги и вицови и кај албанскиот блок партии. Африм Гаши пак, раскажа за жабата во врелата вода.

„Земаат една жаба ја ставаат во еден затоплен сад на над 50-60 степени, во моментот кога ќе ја добре водата таа веднаш скока, па се обидоа со друг метод“, порача Африм Гаши.

Груби пак почна да игра на бината…

„Моите деца, вашите деца, ќе бидат горди ако застанат зад Али Ахмети. Како може да се лутат ако ви велиме – не можете да бидете со нас“, вели Артан Груби.

Кампањата завршува вечерва во 24 часот, по што следи изборен молк а во недела е гласањето за првиот круг на локалните избори. Од понеделник почнува двонеделната кампања за вториот круг избори.