Визбегово – жителите со ѓомлезе ја изразија радоста, канализацијата сигнал за почеток на изградба на училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во скопско Визбегово започна да се гради канализациона мрежа. Работите се изведуваат до местото каде е предвидена изградба на основно училиште. Ова за жителите е сигнал дека долго очекуваното школо навистина ќе се гради. Радоста за ова, жителите ја изразија на традиционален начин.

“Ова ѓомлезе вечерва го направивме само за школото“

Багерот отиде рано во Визбегово за да почне со копање за канализацијата. Неби се моли и се надева дека работат околу училиштето ќе се заврши до крај.

„Јас ги прашав работниците што ќе работат тука. Тие рекоа дошле за да градат канализација, струја и вода за училиштето. Порано почнаа да доаѓаат два камиона со чакал, дојде и еден багер, помислив дека ќе почнат со работа, но не знам што се случи. Сега чекаме дај Боже да почнат со работа и да не не остават така“, вели жител на Визбегово.

Наим Салиу, советник во општина Бутел потврди дека канализацијата ќе се спроведе до местоот каде што треба да се гради школото.

„Откако завршија сите процедури за фекална канализација за школото во Визбегово, почнаа работите за уредување на истата. Откако ќе заврши тоа, ќе почнеме со изградба на водовод. Потоа ќе се асфалтира улицата до местото каде што ќе се гради училиштето. “, вели Наум Салиу, советник во општина Бутел.

Додека да се изгради училиштето, учениците од Визбегово и натаму со предизвици.

За да види до каде се работите околу канализацијата дојде и техничкиот премиер Оливер Спасовски и градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски како и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски. Министерот за образование Арбр Адеми пред неколку дена за ТВ21 рече дека подготовката на документацијата за изградба на училиштето  е при крај и дека наскоро се очекува да се објави тендер за избор на компанија која ќе го реализира проектот.