Со денешниот рекорд од 1406 заразени од Ковид-19, во Македонија бројката на заразени од почетокот на пандемијата надмина 50 илјади.
Поточно, од почетокот на епидемијата се регистрирани 50.015 случаи со Ковид-19, а оздравени се вкупно 29.583. Починати лица вкупно досега се 1397 лица. Активни случаи во моментов има 19.035.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 21984, активни 9059
- Куманово 3231, активни 925
- Дебар 420, активни 89
- Штип 2250, активни 493
- Прилеп 2325, активни 959
- Тетово 3295, активни 1024
- Струга 1146, активни 318
- Велес 1551, активни 769
- Битола 1489, активни 738
- Охрид 1255, активни 536
- Кавадарци 950, активни 414
- Гостивар 1894, активни 638
- Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 1420, активни 580
- Крива Паланка 355, активни 112
- Радовиш 359, активни 121
- Крушево 82, активни 49
- Кочани 1068, активни 313
- Пробиштип 300, активни 79
- Демир Хисар 154, активни 63
- Македонски Брод 133, активни 27
- Пехчево 88, активни 26
- Берово 287, активни 68
- Валандово 151, активни 44
- Виница 311, активни 149
- Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 130, активни 72
- Свети Николе 686, активни 200
- Кичево 991, активни 410
- Ресен 365, активни 137
- Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
