Вкупно 129.274 административци – во 2022 бројот се намалил за речиси 3000 административци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 129 374 лица кои работат вкупно во 1 354 јавни институции, од кои 60% функционираат на локално ниво и 40% на централно ниво, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Според овој извештај, во централната власт се вработени 14 531 лица, а бројот на вработени од женскиот пол има висок процент на застапеност во сите институции.

За разлика од претходната година, бројот на вработени во јавниот сектор е редуциран за 2 714 лица. Бројот на вработени во централната власт е редуциран за 771 лица, а само во министерствата бројот е намален за 302 лица.