Премиерот Зоран Заев вчера во Бугарија доставил серија предлог решенија за тоа како да се решни проблемот кој претставува вето за Македонија на патот кон ЕУ.
Предлог-решенијата не се објавени, но од Владата велат дека се основа на португалскиот предлог.
За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни односно да ги адресираат прашањата кои се важни и за МК и за БГ. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.
Вчера Заев се сретна со премиерот Стефан Јанев како и претседателот Румен Радев. Оставари и средба со претседатели на политички партии. ОД сите средби, заклучокот беше ист, дека Бугарија дава поддршка за членство на Макеоднија во ЕУ.
