Владата донесе неколку кадровски решенија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Можно ли е Трамп да остане без пензија и сите поволности што треба да ги има како поранешен претседател?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции далеку...

Во последниот квартал од 2020 поумерени негативните ефекти од ковид-кризата и поповолни движењата во економијата

Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот...

202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Кривична против поранешен член на управен одбор на АД МЕПСО – оштетен буџетот за 22.215.675 денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен член на Управниот одбор на АД МЕПСО за несовесно работење...

358 казни за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.01.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита...

Владата на Република Северна Македонија на денешната 24 седница ги донесе следните кадровски решенија.

На денешната седница Владата на Северна Македонија го именуваше Мухамед Зекири за генерален секретар на Владата.

1. Амет Аџиу да го разреши од должноста в.д. директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола.

2. Осман Шукриу да го именува за директор на Јавната установа Национален парк Пелистер- Битола. (На 23.11.2020 г. НП Пелистер достави Одлука бр. 02-212/4 од 17.11.2020 г. на Управниот одбор, кој во постапка спроведена по објавен јавен оглас за директор е избран Осман Шукриу).

3. Трајче Ангеловски, да го разреши од должноста член на Советот за јавно приватно партнерство, на негово барање поради постоење на состојба на судир на интереси.

4. Елпида Младеновска, да ја разреши од должноста член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје, на нејзино барање (вработена во УЈП подрачно одделение Крива Паланка).

5. Ѓоко Талевски, да го разреши од должноста член на Управниот одбор претставник на основачот на ЈЗУ Клиничка болница „д-р Трифун Пановски“ – Битола, на негово барање (поради судир на интереси именуван за државен правобранител за подрачје Битола).

6. Дејана Николова, да ја разреши од должноста член на Управниот одбор  на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе стручeн работник од центарот за социјална работа, на нејзино барање, а за член на Управниот одбор  на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа  Свети Николе – стручeн работник од центарот за социјална работа да ја именува Катерина Сенева Конева.

7. Никола Камчев, да го  разреши од должноста член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш, на негово барање (избран за нотар).

8. Веселин Стојчевски да го именува за член на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“  Битола-претставник на основачот (членот на УО Весна Грамосли е почината).

9. Ристо Пецов, да го именува за член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”- П.О. Скопје.

10. Еран Куртиш да го именува за в.д. директор на Агенцијата за остварување на правата на заедници.

11. Со одлука на Владата на денешната седница Драгољуб Филипоски е отповикан од должноста член на Надзорниот одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, и за член на Надзорен одбор на АД за аеродромски услуги „АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ во државна сопственост, го избра Бинас Пајазити.

12. Владата донесе одлука Зоран Иванов да се разреши од должноста член на Надзорниот одбор на АД „Медиумска информативна агенција”- Скопје, во државна сопственост.

13. Владата даде согласност на одлуката на УО на ПИОМ за изборот на Шаип Зендели заменик директор на оваа институција.