Владата го предложи Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната владина седница е изгласан предлогот Ненад Савески да биде нов државен јавен обвинител, објави порталот Скопје1.мк.

„Следниот чекор е негово финално изгласување во Собранието на Република Северна Македонија, каде што за избор се потребни најмалку 61 глас“, наведува медиумот.

Савески е предложен на местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе оставка во декември минатата година.

За функцијата претходно конкурираа пет кандидати, а Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица.

Се работи за Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески.

Постапката за избор започна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари, со рок од 15 дена за пријавување на кандидатите, објавен во „Службен весник“. Кандидатите требаше да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Извор: Скопје1