Предлог-законот за контрола на опојни дроги доби зелено светло во Влада. Едно од предвидените законски решенија е формирање на Агенцијата за управување со медицинскиот канабис, која треба го штити делот на инвестициите и грижата работата да не излегува надвор од контрола. Меѓу другото предвидено е компаниите кои се занимаваат со оваа дејност секоја година на државата да ѝ плаќаат 10% од заработката. Од ваквите инвестиции ќе бидат отворени нови работни места со добри плати, порачува премиерот Зоран Заев.
Но, предлог-законот наиде на реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Законот за марихуана е закон за бизнисите на Заев, вели пратеникот Бране Петрушевски. Доколку предлог-текстот се донесе во Собрание со европско знаменце и биде изгласан, тогаш пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите закони кои во иднина ќе пристигнат во Собрание.
Во рамките на Владата веќе е формирана и работна група која ги разгледува решенијата за декриминализација на марихуаната во Северна Македонија. Нивната последна средба се одржа минатата недела, каде на маса беа ставени искуствата од Канада каде канабисот е легализиран како за медицински цели, така и за лична употреба.
