Владата ја турка легализацијата на канабисот – Милошоски: Заев и Ахмети го злоупотребуваат европското знаменце

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лека-полека Владата го турка процесот за легализација на канабисот. Вчера беше усвоен текстот на Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Од Владата велат дека овој предлог-закон ќе обезбеди најдобра контрола на наркотичните дроги. Владиниот портпарол, Душко Арсовски информираше дека 10% од добивката на компаниите кои поседуваат лиценца за одгледување на канабис за медицински цели, ќе се слева во државниот буџет, средства кои ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес.  

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски предлог-законот го нарече скандалозен. Како што вели, Заев и Ахмети ги искористиле европското знаменце за да носат закони за лично профитерство.

Од Владата тврдат дека Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледувањето на канабисот за медицински цели.
На овој начин, на правните лица кои се занимаваат со оваа дејност им се овозможува произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, притоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.