Владата ќе одржи седница – се очекува да се разговара за скратување на полицискиот час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата денеска ќе одржи седница, а според најавите, се очекува на неа да се разговара за скратување на полицискиот час кој би почнувал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден.

Седницата е закажана во 15 часот, а ќе се одвива преку видео-интернет комуникација. За донесените одлуки, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.