Владата на Македонија го објави предлогот на француското претседателство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна интегрално го објави предлогот на француското претседателство и можете да го преземете во продолжение:

Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.

Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.