На новинарско прашање од ТВ21 за тоа како е можно на административни работници во Центарот за социјални грижи да не им следува регрес кој го добиваат нивните колеги кои се дел од МТСП, од Владата попладнево пристигна и одговор.
Од таму информираат дека исплатата на надоместокот на регрес за годишен одмор била извршена на вработените опфатени со Колективниот договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на Република Северна Македонија, судовите, јавните обвинителства, казнено поправните и воспитно поправните установи, државното правобранителство, општините, градот Скопје и општините на градот Скопје, фондовите и другите органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.
„Центрите за социјална работа кои се јавни установи не се опфатени со наведениот Колективен договор“, додаваат од Владата.
Во соопштението се вели дека Влада е подготвена да ги разгледа сите можности за потпишување на новиот Општ колективен договор за јавниот сектор, каде сите вработени без разлика дали се од приватниот или јавниот сектор ќе го добијат правото на регрес за годишен одмор, односно К15.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
