Владата сѐ уште размислува за „пошта“ – нема приватизација, само приватно-јавно партнерство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата сѐ уште без конечна одлука за судбината на Пошта на Македонија. Има две опции: или да се приватизира или да биде јавно-приватно партнерство, објаснува вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Моделот кој ќе биде избран е или јавно-приватно партнерство или пак приватизација. Тоа е процес кој тукушто започна“, посочи Фатмир Битиќи.

Битиќи вели дека постапката тече бавно и дека во моментов се изготвува потребната документација. Како што уверува, конечната одлука ќе биде донесена на почетокот на следната година.

„Мислам дека во првото тримесечје од 2021 година до второто тримесечје истата година ќе имаме конечна одлука. Не е процес кој може да заврши за краток временски период“, додаде Битиќи. 

Инаку, во мај годинава, Извештајот на Државниот завод за ревизија покажа дека од 2012 година Поштата работела со загуба од околу 10 милиони евра, од кои 2.5 милиони се од 2018 година.  И покрај ваквата состојба, Надзорниот одбор на Пошта одобрил склучување договор за менаџерско осигурување, што според Законот за Акционерски друштва можеле да не го направат во време на влошена финансиска состојба.