Владата утре одлучува за полицискиот час престојниот викенд, предложено е да трае од четврток навечер до понеделник наутро

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На утрешната седница, Владата ќе одлучува за новиот полициски час престојниот викенд, кој што ќе има три слободни дена, со оглед дека во петок е ден на трудот 1-ви мај.

„Предлогот од Комисијата за заразни болести е полицискиот час да трае од четврток навечер, до понеделник наутро. Но, ова не е конечна одлука. Утре на владата ќе биде доставен овој предлог, и потоа ќе следуваат неколку образложувања од неколку аспекти. Значи не е дефинитивно, само предлог, и утре ќе биде разгледуван и ќе биде одлучено“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Ова ќе значи дека голема е веројатноста да се има полициски час три дена.