Владата уверува Законот за јазик нема да се чепка – „ДУИ го знае ова, но прави лажен притисок за да се фали“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако ВМРО-ДПМНЕ како партија поднесе иницијатива против албанскиот јазик до Уставниот суд, премиерот Христијан Мицкоски, кој е од редовите на оваа партија, вели дека утре нема да се случи ништо и дека ситуацијата е под контрола.

И првиот вицепремиер, Изет Меџити, рече дека Законот за јазиците нема да биде засегнат.

Политичарите да го остават Уставниот суд да работи по Уставот и Деловникот, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Седницата на Уставниот суд за разгледување на оспорените членови од Законот за јазиците е закажана за утре во 9:30 часот. Засега двајцата, судии Албанци, Осман Кадриу и Насер Ајдари најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.