Повлекувањето е административно, а не политичко. Во вторник предлог измените на законот за рестриктивни мерки ќе се најдат на владина седница, вели во интервју за ТВ21 Министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека со овие измени, веднаш штом судот го прифати обвинението, ќе може да се изречат мерки за конфискација на имот, забрана за вршење на јавна функција или пак забрана за учество на тендери доколку станува збор за правно лице.
„Ние додаваме уште во целите на законот, дека се однесува и на борбата против корупцијата и злоупотребата на службената должност, хибридните закани. Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи: Задолжителни резолуции во Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и полиферација. Ние додаваме дека за овие цели, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги донесуваме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото кралство“, порача Бујар Османи вечерва во интервју за ТВ21.
Тој додава дека законот има за цел да обезбеди меѓународен мир, безбедност, демократија и владеење на правото.
„Ние додаваме уште во целите на законот, дека се однесува и на борбата против корупцијата и злоупотребата на службената должност, хибридните закани. Во сегашното законско решение како основ за воведување на рестриктивни мерки од страна на нашата држава се три основи: Задолжителни резолуции во Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ и билатерални акти на други држави но само за тероризам и полиферација. Ние додаваме дека за овие цели, како основа за донесување на рестриктивни мерки ги донесуваме и правните акти на САД и правните акти на Обединетото кралство“, порача Бујар Османи.
Со ова понатаму се разглобува која е процедурата за донесување на правите акти и видовите.
„Во актуелното решение како видови на рестриктивни мерки се ембарго за оружје, забрана за влез, финансиски мерки. Сега додаваме покренување на кривична постапка и преземање на мерки за обезбедување. Кога ќе има ваков правен акт, МНР, МВР и ЈО и.т.н. предлагаат до Владата да донесе одлука и за наши рестриктивни мерки. Ако е за корупција, злоупотреба на службена должност Владата е должна, односно органот што предлага да ги однесе сите факти што ги има собрано од изворот на рестрикцијата до ЈО. ЈО е должно да отвори кривична постапка и ако покрене обвинение, и судот го прифати тоа обвинение, тогаш Судот може да донесе привремени мерки за обезбедување – и тоа забрана за вршење јавна функција, вклучувајќи и кандидирање на избори и конфискација на имот и други финансиски мерки“, додаде Османи.
Погледнете го интервјуто со МНР Османи во целост:
