Владата за 14 часот закажа седница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владата за денеска во 14 часот закажа нова седница на која ќе бидат разгледани нови препораки и мерки во битката за ширењето на коронавирусот.

„Ве известуваме дека денеска, (четврток, 16.04.2020 година), со почеток во 14:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница. Седницата ќе се одвива преку видео-интернет комуникација, со цел почитување на мерките и препораките за спречување на ширењето на коронавирусот КОВИД – 19.“, се вели во соопштението на Владата.

Веднаш после седницата, ќе бидат презентирани сите заклучоци кои ќе бидат донесени од денешната седница.