Владата денеска ќе одржи нова седница, на која, меѓудругото, ќе бидат разгледувани нови препораки и мерки за заштита на ширењето на коронавирусот.
„Ве известуваме дека денеска, (сабота, 18.04.2020 година), со почеток во 15:30 часот, Владата на Република Северна Македонија ќе одржи седница, која ќе се одвива преку видео-интернет комуникација.“, соопштија од Владата.
За заклучоците ќе информираат по завршувањето на седницата.
