Започнаа градежните работи на трасата Гостивар-Букојчани во должина од 30км, дел од коридорот 8 што го гради конзорциумот Бехтел и Енка. За да видат до каде се работите, таму отиде дел од кабинетот на премиерот , а дојде и амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека по завршувањето на автопатот кој е планирано да биде завршен за 5 години, од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина.
-Мислам дека денеска се затвара темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развој на земјата, за економси развој и воопшто немам дилеми дека Бехтел и Енка следната недела ќе дојдат и ќе бидеме сведоци на реазлизацијата на проектот, изјави вицепремиерот Изет Меџити.
Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, истакна дека станува збор за докажување на одличното партнерство меѓу САД и РСМ.
-Нема поочигледна демострација за пратнерството меѓу САД и РСМ отколку овие столбови кои ги гледаме, нешто што се гледа над земјата и е доказ за овој проект. Беше доста пат но и многу работа и јас и благодарам на Владата за нивниот постојан пристап, бидејќи како што беше кажано, тоа е придобивка за граѓаните, изјави Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Македонија.
Од Бехтел и Енка, рекоа дека веќе ангажирале над 700 вработени од земјата и бројот ќе се зголеми согласно динамиката на работата.
Бехтел исто така го гради и сегментот на авотпатот од Прилеп до Битола. Според договорот во вредност од 1.3 милиарди евра, конзорциумот треба да го заврши коридорот за 4 години и 7 месеци.
