„Власта и опозицијата да работат заедно“ – Васало: Ако тоа се случи, до 2030 земјата може да се зачлени во ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За Македонија до 2030 да стане полноправна членка на ЕУ, сите партии, без разлика дали се од власта или опозицијата, треба да допринесат за тоа да се случи, оценува заменик амбасадорот на ЕУ во земјава, Џулијан Васало.

„Дали е можно да стане членка до 2030, јас можам да дадам свое мислење дека напредок до сега е направен, но да се постигне уште повеќе, сите политички партии, без разлика дали се од власта или опозицијата, треба да работат и мислам дека мислењето на премиерот во тој случај не би било само нереална проценка, туку процесот на реформи ќе продолжи и ние пред нас имаме уште многу да направиме и реформите да не останат само на хартија туку ефектот на реформите да може да се почувствува и во реалноста“, вели Џулијан Васало.

Васало го кажа ова за време на промовирањето на водоводот во Теарце каде беше заедно со министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој очекува сега кога сме земја која преговара, да се зголемат и инвестициите со поддршка на ЕУ.

Николоски рече дека Македонија нема други партнери освен ЕУ и САД и дека му е драго што со почетокот на преговорите победиле прогресивните сили кои го водат напред општеството.