Властите контрадикторни – зголемен број нови случаи поради ифтари или повеќе тестирања?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите никако да излезат со заеднички став – зошто има зголемување на бројот на заразени? Локализацијата на случаите во општина Чаир, која се смета за една од најгусто населените во Европа со околу 100 илјади жители на 3.5 км, направи здравствените власти да донесат заклучок дека растот на бројот на новозаразените е последица на собирите за време на ифтарите и празникот Бајрам. Претседателот на Комисијата за заразни болести изразува разочарување.

Кога го прашавме дали случаите се последица на тоа што Комисијата предложи неефикасни мерки, тој рече дека новите случаи се појавиле поради зголемен број на направени тестирања.

ТВ21 праша која е главната причина за раст на новозаразени, со оглед на тоа што ифтарите беа во полициски час? Дали ова подразбира дека полицискиот час не беше ефективен и зошто повторно се предлага ваква мерка?

Инаку, директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери како да ги ублажи обвинувањата кои во последно време се упатуваа до муслиманските верници.

Освен ифтарите и Бајрам, собири видовме и на литијата во Струга, но Филипче без конкретна проценка за ефектите од тоа.

Зголемувањето на бројот на случаи на новозаразени освен што ги направи муслиманите цел на критики, имаше дури и случаи кога тие беа обвинувани и за загуба на животи, предизвика да немаме олеснување на другите мерки. Не се отворија границите бидејќи како што оценуваат здравствените власти, тоа би претставувало дополнителен ризик.

Не се отворија ниту градинките, бидејќи скринингот се одвива бавно поради преоптовареноста на екипите кои вршат тестирање, објасни директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери. На прес конференцијата која траеше два часа, беше објавено и истражувањето на Комисијата за заразни болести кое покажа дека рапидното зголемување на бројот на заразени доаѓа од познати кластери и од контакти со заразени лица.