ВЛЕН го отвори главниот штаб во Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа ВЛЕН го отвори главниот општински штаб во Чаир.

Присутни беа сите челници на коалицијата.

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, вети дека по 19 октомври ќе се инвестира во градинки, училишта, универзитети и инфраструктура.

„Гласот на 19 октомври ќе биде глас кој ќе му овозможи на ВЛЕН да ги има општините, да го има Градот Скопје, Јавните претпријатија на Град Скопје, Владата. Само на овој начин ќе функционираме, овој глас да се претвори во капитална инвестиција – било со училишта, било со градинки, универзитети, инфраструктура и унапредување на нашето албанско прашање“, изјави Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир од ВЛЕН.

Зекирија Ибраими раскажа симболична приказна што ја имал со Меџити, каде што го прашал зошто токму тој ќе биде кандидат за градоначалник.

„Рече: се сеќаваш ли на таа сцена од филмот за пророкот за битката кај Бедр, кога тие од Мека излегоа на двобој со тие од Медина, и излезе Абу Џехл и им рече – не ни треба работа со вас, ги сакаме нашите. Изет рече: јас не сакам да се кријам зад Беким, зад никого. Али Ахмети ќе се бори со Изет Меџити и таму на бојното поле сум јас“, изјави Закирија Ибраими, претседател на Алтернатива, ВЛЕН.

Билал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово, рече дека ќе тропнат на секоја врата за да ја бараат поддршката за Меџити. Пратеникот на ВЛЕН, Беким Ќоку, изјави дека ќе се врати достоинството на граѓаните.

„Пораката што сакам да ја испратам е – вака обединети, мажи и жени, млади и младини, да тропнеме на секоја врата во Чаир, кај секој човек да одиме и да ја пренесеме пораката дека за Чаир има само еден кандидат и тоа е Изет Меџити“, изјави Билал Касами, претседател на Движењето БЕСА, ВЛЕН.

„Постојат два вида политички елити – една елита што се збогатува себеси и работи за лични, семејни и клановски интереси, и една политичка елита што работи за граѓаните и народот“, изјави Беким Ќоку, пратеник.

Говор одржа и претставникот на Движењето „Арберија“, Беким Фазлиу, движење кое вчера официјално потпиша договор со ВЛЕН за учество на изборите како дел од оваа коалиција.