ВЛЕН им оддава почит на жртвите од трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претставниците на коалицијата ВЛЕН одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани. Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија.

„Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме обединети во болка и во спомен на оние кои повеќе не се со нас. Ова е момент кој не потсетува на вредноста на животот и важноста на меѓусебната поддршка во тешките денови.

Во овие моменти на жалост, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и со сите оние кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија. ВЛЕН стои покрај нив, споделувајќи ја болката и силата да се справи со оваа тешка загуба.

Нашата коалиција се води од принципот на солидарност и хуманизам и во овие тешки моменти ја потврдуваме нашата посветеност да бидеме блиску до граѓаните, не само во моменти на радост, туку и во моменти на тага“, велат од ВЛЕН.