ВМРО-ДПМНЕ итно бара предвремени парламентарни избори како единствено решение за излегување од политичката криза во која е втурната земјава. Според нив, актуелната влада нема легитимитет за да ги води процесите напред.
Но, од владејачката СДСМ сметаа дека единствено решение за политичката ситуација во земјава е стабилизација на парламентарното мнозинство, кое се надеваат дека ќе го комплетираат утре.
Првиот вицепремиер Артан Груби смета дека состојбата е стабилна, а Македонија безбедна. Тој е убеден во функционирањето на Собранието уверувајќи дека на мнозинството ќе му се приклучат и други пратеници.
„Јас сум убеден дека парламентарното мнозинство ќе се зголеми со сите пратеници кои сакаат да ја видат Северна Македонија стабилна, безбедна, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи“, истакна Артан Груби.
Претседателот Стево Пендаровски вели дека состојбата во врска со парламентарното мнозинство е нејасна. Вели дека треба да се почека до утре за да се види кој го има мнозинството, и да се одлучи дали одиме на брзи парламентарни избори.
За разлика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ,од Алтернатива изјавија дека во овој период не и се потребни на земјава, додека последниот став на АА беше ЗА парламентарни избор, но не организирани од владата на СДСМ и ДУИ.
