ВМРО-ДПМНЕ: Да се одложат локалните избори во Штип и Пласница; СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се плаши од нов пораз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на вонредните локални избори во Штип и во Пласница, поради, како што велат, загрижувачките бројки на нови случаи на коронавирус во земјата.

„Очигледно е дека властата, Заев и Филипче немаат контрола на ситуацијата. Секојдневно расте бројката на заболени, и затоа сметаме дека нема услови да се одржат избори во Штип и во Пласница. Затоа бараме истите да бидат одложени“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ со контраобвинување. Ова го сметаат како признавање на поразот на предвремените локални избори, и велат дека изборите ќе бидат одржани.

– Мицкоски е свесен дека шансите за негова победа на предвремените локални избори, но и какви било други избори се многу мали. Ги уверивме граѓаните дека предвремените парламентарни избори со почитување на сите здравствени протоколи беа безбедни по здравјето, со сигурност такви ќе бидат и предвремените локални избори во Штип и Пласница, посочи Костадинов.