ВМРО-ДПМНЕ: Електронскиот попис е единствено решение, со мечирање и филтрирање ќе се спроведе операција каква што и е потребна на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку партиско соопштение наведува дека „време е СДСМ да се откаже од насилно туркање кон попис кој ќе значи фалсификат и лажење како на институциите, така и на граѓаните“.

Од таму велат електронскиот попис е единствено решение.

„Електронскиот попис е единствено решение, кое е брзо и ефикасно и кое ќе понуди цврсти информации кои и се потребни на државата. Електронскиот попис ќе се спроведе со мечирање на базите на податоци на повеќе државни институции, по што ќе се добие јасна слика на бројот на државјани, резиденти, нерезиденти, вработени, невработени, нивото на образование и слика за секој еден податок од значење“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека со мечирање и филтрирање ќе се спроведе операција каква што и е потребна на државата.