ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ ги цени реформите, само Филипче и Радев бараат уставни измени како услов за европскиот процес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека, и покрај оценките и признанијата од функционерите на земјите-членки на Европската Унија за Македонија, само лидерот на СДСМ Венко Филипче и бугарскиот претседател Румен Радев бараат уставни измени како главен услов во европскиот процес.

Според нив, европските претставници, како што е нагласено, го поздравуваат пристапот на актуелната влада и ја сметаат земјата за лидер во регионот, додека позициите различни од Филипче и СДСМ се сметаат за пречка во овој процес.

„Наместо да застанат зад македонските интереси, тие подготвуваат уште поголемо предавство“, велат од партијата на Мицкоски, прашувајќи го Филипче што уште сакаат да направат за да ѝ наштетат на Македонија и да останат во историјата како најголеми предавници на татковината?

„По долго време коленичење и лековерност од страна на властите предводени од СДС, сега европските претставници гледаат државнички пристап од македонската влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека заслужуваме предвидлив европски пат. Само Венко Филипче и Румен Радев не сметаат така. Но, мекото ткиво предводено од Филипче и СДС ја отежнува работата. Само тие се на иста линија со Радев и Бугарија, а на бугарските власти тоа им одговара“, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.