ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.

„Извршниот комитет, а потоа и Централниот комитет донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Данела Арсовска“, порача Мицкоски.

Мицкоски додава дека е сигурен оти Арсовска e новиот градоначалник на Град Скопје.

Инаку, ТВ21 пред две недели објави дека Арсовска ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје која најверојатно ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.