ВМРО-ДПМНЕ ја предизвикува власта – „ставете ги уставните измени на гласање да видиме кој колку пратеници има“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Наскоро ќе се формира експертска група за формулирање на амандманите за уставни измени, најавуваат од Социјалдемократскиот сојуз. Портпаролката Богданка Кузевска изјави дека очекуваат измените да ги поддржат сите кои се за продолжување на патот на државата кон ЕУ.

За тоа кој ги има или ги нема потребните пратеници за гласање за уставните измени, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски рече дека тоа се исти трикови како оние за тоа дали Алијансата за Албанците ќе влезе или не во Владата. Стојановски го повтори ставот дека не ги поддржуваат уставните измени, а ја предизвика власта да ги стави на гласање и да се види кој колку пратеници има.

Македонија мора да ги донесе уставните измени до крајот на оваа година, поточно во ноември кога се очекува да заврши скрининг процесот. Во сегашни услови тоа изгледа тешко, бидејќи владата го нема потребното мнозинство од 80 гласа во Собранието, додека вели дека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ги поддржат уставните измени, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека околу 8 пратеници на власта не ги поддржуваат тие измени.