ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација на Филипче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе до Собранието предлог за интерпелација на министерот за здравство Венко Филипче. Според опозицијата, Филипче е главниот виновник за корона кризата во нашата земја, како и за немањето на вакцини за граѓаните. Меѓудругото го посочуваат и случајот со пациентката во Дебар.

„3340 починати од Ковид или најголема човечка катастрофа по Втората светска војна во земјава, 3340 причини Венко Филипче да си поднесе оставка.

Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше.

За жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова.

Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на Венко Филипче, министер за зараза и смрт, кому видовме дека поважни му се провизиите за вакцини, од животот на граѓаните што се потврдува и со најновиот скандал. Кина ги продава вакцините против корона по 30 долари, Филипче нудеше над 60 долари. Причината е јасна, наместо во потрага по вакцини, власта беше во потрага по провизии. Фантом фирма од Хонг Конг без вработени медицински лица требаше да биде фаворизираниот набавувач на вакцините по дупло поскапа цена од реалната.

Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5-то место, но од позади. И ова не го кажува ВМРО, ова го нотира Блумбер. Срам и резил. Но да почнеме со ред.

Филипче е најодговорен за КАТАСТРОФАЛНО СПРАВУВАЊЕ СО КОРОНА КРИЗА поради:

1. Неследење на кластери

2. Нема лекови

3. Нема болнички кревети

4. Нема респиратори

5. Нема протокли за лечење и движење на пациенти

6. Ненавремени и несоодветни мерки

Има од рака наметнат полициски час, а во преполните автобуси има корона кластери, што само покажува дека се нема концепт. Како системот го штити здравјето на луѓето? Никако.

Во текот на својот мандат Венко Филипче остави белег со две работи:

1. Физибилити студии и тендери за распродажба на јавното здравство се со една претпоставена цел, полнење на џебот и земање провизии.

2. Катастрофално справување со последиците од корона кризата.

Филипче почна со славниот тендер за централизирање на биохемиски лаборатории и шемата со Александар Јовановски Жути чија фирма беше отворена за да се протне овој тендер. Висината на тендерот беше 35 милиони евра, а тендерот не помина по реакција на опозицијата.

Тендер шемите продолжија со физибилити за приватизација на Итна медицинска помош. Оваа работа сопре на физибилити студија. Сомнежот е дека се испраа пари преку фирма само да каже дали има оправданост или не да се приватизра оваа служба.

Не му беше доволно па распиша тендер за стерилизација наместо реорганизарање на здравствениот систем. Најдоа компанија која ќе ја врши стерилизацијата во јавните здравствени установи ширум државава, на директорите им доставија модел договор за потпишување. Со договорот кој што ги тераат и уценуваат да го потпишат, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде до 10 пати поголем од оној што се троши до сега.“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.