ВМРО-ДПМНЕ најавува кривични пријави и тужби за вработени во екс СЈО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ најавува поднесување на кривични пријави и тужби за дел од поранешнита вработени во Специјалното јавно обвинителство за злоупотреба на 4,6 милиони евра.

Според инфромации изнесени на денешната прес конференција, правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ ќе состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужби за злоупотреби во некогашното Специјално јавно обвинителство.

„Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност“, изјави на денешната прес-конференција Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова следува откако државниот завод за ревизија ја потврди проневерата од 4,6 милиони евра – пари кои биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.