ВМРО-ДПМНЕ обвинува за продажбата на „Славија“ – Асани: 70% веќе е распродадена од времето на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се подготвува еден од најбесрамните грабежи на државен имот по принципот на СДСМ од 90-тите кога беа приватизирани над 600 фирми –обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на АД „Славија“ која би требало да биде купена според нив на два дена пред Нова година по багателна цена, односно 4 285 акции по цена од 51 евро по акција.

„Се подготвува да ја продаде АД „Славија“ односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена. АД „Славија“ која има вредност со целиот свој имот со сите свои објекти над 20 милиони евра целата фирма. Власта на СДСМ власта на премиерот Заев скаа да го продаде целиот имот“, вели Димче Арсовски.

Ова се невистини според директорот на Агенцијата за одземен имот. Вредноста на компанијата не изнеува над 20 миоиони евра. Како што вели тој, вредноста од околу 200 000 евра е проценка од 2012 година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Сега е далеку помала. АД Славија според него е распродадена повеќе до 70 % уште во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имотот на АД  “Славија“ е распродава на парче и тајно. Потенцирам на парче и тајно. По цени далеку поефтини од неговата вреност. За разлика од денес се е јавно и транспарентно и јавноста може да го види тоа“, порача Фатон Асани.

Тој вели дека наместо со акции на берза имотот е распордаван на парче зад затворени врати повеќе десетици дуќани и локали во Скопје и низ целата држава. Денес овие простори се во сопствеништво на Тинекс и други компании, дополнува Асани. Според него, самата влада на ВМРО-ДПМНЕ пријавила долг на Славија од 17 милиони евра, за денеска на брифинг со новинарите да кажат дека тој долг изнесува 5 милиони.