ВМРО-ДПМНЕ: Понудата на СДСМ за градоначалници е братучедот на Спасовски и бизнис партнерот на Заев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше понудата од страна на СДСМ за градоначалници на престојните локални избори. Од опозицијата велат дека СДСМ го кандидирал братучедот на министерот Спасовски за градоначалник на Куманово, додека Кондовски, кој е кандидат за Битола, бил бизнис партнер со Заев.

„Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија.

Во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.

Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград.

Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра.

Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност.

Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.