ВМРО-ДПМНЕ: Попис во Македонија е неопходен, но не со штелувани резултати и бројки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од ВМРО-ДПМНЕ со нова реакција по повод спроведувањето на пописот кој треба да се случи во април оваа година. Тие сметаат дека попис треба, но не да биде со, како што велат, „штелувани“ бројки и резултати.

„Зоран Заев и СДСМ се неспособни за спроведување попис по европски стандарди и по критериуми на Евростат. Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична
политичка операција,со штелувани бројки, а не статистичка операција.

Пописот е неопходен за креирање на идна стратегија во државата. Пописот во Македонија е потребен и неопходен, но како статистичка операција.

Заев турка попис на сила спротивно на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот. Бројките и процентите се однапред договорени, а доказ за тоа е двојниот потпис кој што ќе послужи како гаранција доколку еден од коалиционите партнери не е задоволен од резултатот.

Власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.

Ова само гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.