ВМРО-ДПМНЕ со понуда до турците: Дојдете во Влада, ќе ви дадеме едно вицепремиерско место

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Освен преписки меѓу партиите и најголемите коалиции во Собрание за време на дебата за новата влада, поплаки имаше и од пратениците од турската заедница. Бејџан Иљаз од ЕФ, вели дека и натаму не е поддржано нивното барање за една изборна единица. Затоа тие секогаш мораат да бидат дел од некоја коалиција.

За да се подобри позицијата на Турците во земјава, ВМРО-ДПМНЕ му понуди на пратеникот Бејџан Иљаз но и на другите пратеници од турската заедница, Сали Мурат и Реџеп Исмаил да му се придружат на парламентарното мнозинство. За нив нудат едно вицепремиерско место.

Пратеникот Иљаз му се заблагодари на Мицевски за понудата и го потсети дека имале преговори пред изборите со сите партии и дека конечната одлука била да му се придружат на ЕФ. За таа одлука, Иљаз се соочи со една турска народна поговорка.

За правата и условите на Турците во Македонија, забелешка имаше и Сали Мурат, дел од ЕФ. Неговите забелешки се однесуваа на полето на културата, инфраструктурата каде што живеат Турците, а најголема загриженост изрази за застапеноста на Турците во државната администрација, имајќи предвид дека Мицкоски најавил укинување на балансерот.

Пратениците Турци имаат барање и за можноста еден ден да можат да говорат за својот мајчин јазик во Собранието а не да бидат принудени да зборуваат на македонски јазик.