ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави нови протести во Скопје и други 15 градови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави нови протести денеска од 18 часот во Скопје и во уште 15 градови во Македонија. Протестите се организирани под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“. Опозицијата веќе неколку дена протестира, и бара оставка од оваа влада.

„Денес е денот кога сите граѓани на Република Македонија ќе продолжат заедно во битка за одбрана на честа и достоинството на македонската држава.

Време е да се каже доста е на понижување и распродажба на државните и национални интереси. Токму затоа сите граѓани заедно сплотени, во масовен број и ќе испратат порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес (02.12.2020) во 15:00 часот да се приклучат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се одржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.

Денес е моментот кога граѓаните на Куманово, Македонска Каменица,
Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид ќе се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.

Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.