ВМРО-ДПМНЕ за посетата на Вјоса Османи во Тетово – „Билбордите само на албански, македонскиот јазик не е испочитуван“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ден по посетата на претседателката на Косово, Вјоса Османи во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто таа не била пречекана и на македонски јазик туку само на албански.

Општинскиот советник од оваа партија вели дека во Тетово службен јазик е и македонскиот кој според него вчера не бил испочитуван.

Претседавачот на Советот на Општината кој е од редовите на Движење Беса, Бесар Дурмиши вели дека ваквите ставови на нивниот партнер на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ, се дневна политика, бидејќи во Тетово се почитуваат другите етнички заедници.

„Не знам која е причината за вакви поплаки и зошто се занимаваат со ниски дневни политики кои не враќаат назад, јас знам дека треба да гледаме кон ЕУ и да функционираме како европски град или мултиетничка држава, не само што се изјаснивме туку и докажавме со дела дека ги почитуваме другите етнички заедници, ги поддржуваме другите етнички заедници во Тетово“, порача Бесар Дурмиши.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на 26-27 април беше во службена посета на Северна Македонија како гостин на претседателот Стево Пендаровски. Таа се сретна и со други функционери а ја посети и општина Тетово.