И ова лето голем број на македонски државјани ќе одат на одмор во Грција. Веќе објавивме колку чинат цените на одредени производи и услуги кај нашиот јужен сосед, а сега објавуваме колку изнесуваат казните доколку не ги почитувате правилата за возење низ оваа земја.
Така се препорачува да се почитуваат сите правила, а ова се казните за сообраќајни прекршоци:
- возење под дејство на алкохол – од 78 до 1200 евра
- надминување на брзината во населено место – 100 евра до 20 км/ч
- минување на црвено светло и претекнување преку полна линија – 700 евра
- неврзување на појас – 350 евра
- непрописно паркирање – 40 до 80 евра
- користење телефон во текот на возењето – 100 евра
- пушење во возило доколку во него е дете до 12 години – 1500 евра
- возење во папучи – 50 евра