Внимавајте: Лице лажно се претставува како полицаец и известува за наводни сообраќајни незгоди, по што бара пари за постапка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста.

Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка. Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги  пријават на 192  или лично во најблиската полициска станица.