Внукот на Али Ахмети бара коалиција БЕСА-Алијанса, Таравари вели дека Алијанса секогаш била отворена за опозициски соработки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фатмир Лимани кој неодамна ѝ се приклучи на Беса, бара коалиција со Алијанса за Албанците за следните парламентарни избори. Лимани, познат како внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, додава дека услов за ДУИ да биде поразена е Беса и Алијанса да излезат со заеднички листи.


-Ние како албанска опозиција треба да ги убедиме дека сме поинакви од другите. Доколку не ги убедиме, нема гласови, а тоа ќе се случи со самото обединување на албанската опозиција. Јас знам дека Арбен Таравари има расположение. Знам, вели Лимани.


Но, дали Алијанса ќе прифати уште една коалиција, по онаа со НДП на Весел Мемеди и Алтернатива на Африм Гаши? Арбен Таравари за ТВ21 вели дека нивниот субјект секогаш бил „за“ опозициски соработки.


-Всушност, Алијанса за Албанците секогаш беше и ќе остане отворена за соработки, но конечните одлуки за можните соработки меѓу опозицијата ги носат партиските органи на Алијанса за Албанците. Не сакам да ја имам таа привилегија, ниту имам привилегија да кажам – вака ќе биде, или така ќе биде, рече Таравари.


Лимани додава дека можното одбивање за соработка било од Алијанса, или пак од Движење Беса ќе значи дека едната од овие партии е фракција на ДУИ. Сепак, Таравари не сакаше да го коментира ваквиот став, велејќи дека Алијанса за Албанците е единствената која секогаш изразувала подготвеност за соработка против лошите политики на ДУИ.