Во 16 часот итен кризен штаб во Ресен откако во општината беше регистриран прв случај на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски во живо во вестите на ТВ21 уште еднаш потврди дека во Ресен денеска е регистриран првиот случај на коронавирус.

„Општина Ресен повеќе три месеци успешно се справуваше со оваа ситуација, голем беше и интересот на многу медиуми како тоа ние се справуваме. Јас тоа неколку пати го кажав до сега, со одлична координација на сите институции, на сите оние кои беа вклучени со справување со мерките и препораките од Владата, но пред се, ќе нагласам одговорноста на самите граѓани на општината беше на многу високо ниво“, порача Гошаревски.

Тој додаде дека веќе во 16 часот закажал итен состанок со Кризниот штаб каде што ќе предложи засилување на мерките.