Во 2014-та изјави дека Украина не е далеку. Денеска, лидерот на интегративците, Али Ахмети вели дека за жал оваа негова изјава станала реалност. Како што додава, неговите зборови по 8 години можеби наликуваат на шега, но актуелната состојба покажува дека работите се одвиле лошо.
-За жал работите се одвија лошо. Загрозен е мирот на планетата, иднината на генерациите, но да бевме повнимателни, во годините зад нас ќе имавме попрогресивен развој на настаните. Целата оваа мобилизација на демократските сили на земјината топка…. Мислам дека ќе биде надмината ситуацијата и дека нема да се случи најлошото за човештвото, вели Ахмети.
Директна опасност за Македонија нема, вели Ахмети. Но, додава дека ризик претставува одлуката на Путин за ставањето на готовс на нуклеарните сили.
-Што се однесува до ризик за нашиот регион мислам дека директна опасност нема, бидејќи сите се свесни дека во една толку деликатна ситуација секој кој ќе се обеди да преземе нешто што се коси со досегашните одредби, може да настрада. Но, тука постои друг ризик. Путин се заканува дека ќе го активира нуклеарниот арсенал. Но, и во случај некој човек само теоретски да се закани дека ќе го активира со цел да ги постигне своите геостратешки цели, е многу опасно.
Ахмети додава дека нашата земја е подготвена да ги отвори вратите за бегалците од Украина, бидејќи, како што вели, ние веќе имаме поминато низ војна и знаеме што значи тоа, рече Ахмети.
