Да има многу здравје, а проблемите кои ни ги донесе Корона вирусот да останат во измината 2020 година. Да се заборават сите стресови и да се вратиме на нормалниот живот. Ова се желбите и очекувањата на граѓаните на првиот ден од новата 2021 година.
„Подобро здравје, на тоа се надеваме да се подобри ситуацијата од корона вирусот. Народот на живне, еве утринава нема никој на улица“.
„Па повеќе здравје….да поминат овие што беа глупости и само здравје да биде па другото се ќе си дојде само по себе“
„Желба ми е да биде нешто подобро од ова сега што го искусивме, но не може се преку ноќ да се смени. Подобра економија дефинитивно и се надевам дека конечно Ковид 19 ситуацијата ќе се среди дека нема да биде веќе стресно секојдневието.“
Ковид 19 удри и по економијата, но кај граѓаните постои оптимизам дека ќе ги надминеме и овие проблеми. Очекувањата се и дека ќе ги почнеме и преговорите со Европската унија.
„Па се надеваме на подобро од ова полошо не можеше да биде. Јас се надевам на подобро оптимист сум. Мислам дека ќе биде подобро.“
„Најубава година да биде оваа сите луѓе да бидат среќни и сите да бидеме среќни во општеството. Очекувам дека ќе влеземе во Европска унија март 2021“.
„Да биде подобра од лани и за работа и за здравје и за живот…. секој очекува да биде подобро па ќе видиме како ќе биде … повеќе работа да има нормално, секој сака повеќе работа.“
