Во 2022 „пајакот“ во Тетово кренал 4.432 возила, од 20. јануари ќе има блокатори за непрописно паркираните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Тетово во текот на 2022 година, „пајак службата“ подигнала 4.432 автомобили. Овие возачи кои се паркирале непрописно морале да платат 1.800 денари и казна од 45 до 180 евра за да си го земат своето возило. А од 20 јануари ќе се поставуваат и блокатори за оние кои ќе се паркираат на недозволени површини.

Но, дали е долгорочно решение хаосот во Тетово да се регулира со блокатори и „пајак служба“? Граѓаните со поделени мислења.

-Треба да се реши. Види како се паркирани. Без паркинзи, кај да ги паркираат возилата?
-Нови паркинзи, каде да се паркираат? Види како е, нема каде да паркираме.
-Според вас кое би било решението?
-Нови паркинзи за да имаме каде да паркираме.
-Треба да има. Се согласувам. Кога се паркирани на недозволени места, треба да има.

Од минатата година согласно одлуката на Советот на општина Тетово, „пајак службата“ има право да го подигне непрописно паркираниот автомобил без присуство на полиција.
Казната на блокатор ќе биде 1.500 денари, но доколку се плати во рок од 24 часа сумата се намалува на 750 денари.