Во 21 век без вода за пиење – проект почнат пред 3 години, Касами: Наскоро почнуваат работите!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните од населбата 146 во Тетово и понатаму се без вода за пиење. Проектот за водоводна мрежа во оваа населба започна во 2020 година, но и по три години работите се уште не се завршени. Жителите продолжуваат да  полнат вода за пиење од  јавните чешми.

„Немаме вода, се снабдуваме од тоа што имаме, мислам дека овој дел од населбата сами се снабдуваат. Сега  има малку, но повеќето полнат, комшијата направи чешма, но не е за пиење туку само за алишта и такви работи“.

„Немаме вода за пиење, имаме само од планина, живеам со жена ми, болен сум и овде полниме.

„Проектот остана, цевките се поставени, патот е подобрен, ништо друго не е направено, други мерки не се преземени, вода имаме каква што имаме, кој има, кој нема, повеќето од нас добивме вода од планината, другите како што знаат се снабдуваат со вода“.

„Немаме во ова населба, полниме долу“.

– А за перење?

„Ја имаме планината“.

– Што е со тој проект на општината?

-Нема?

Градоначалникот Биљал Касами  ветува дека работите ќе почнат. Според него, за изградба на водоводот компанијата се согласила да започне со работа и да ја поправи мрежата од село Лисец до резервоарот долу.

„Имавме средба со инвеститорот кој ги изведува работите на водоснабдувањето од село Лисец до резервоарот каде што се акумулира водата и во рамките на населбата 146 е пуштена водоводната мрежа, исто така се договорија да продолжат со работите и верувам дека наскоро ќе се завршат за да се поврзе со таа населба и ќе може да  снабдува со вода за пиење“, вели Биљал Касами.

Проектот за водоснабдување на населбата 146 е со вредност од 11 милиони и 500 илјади денари, но и покрај ова, очигледно жителите и летово ќе го поминат без вода за пиење.